Јас имам околу 140 ученици, распределени во седум класови. Кога би ги собрала сите 140 во ходник, што мислите колкави би биле шансите дека сите ќе можам да ги координирам? Всушност јас би одговорила дека се мали, освен, ако не постои одредено ниво на заедничка почит, која би ги натерала нив да останат на едно место додека јас би отишла кај некој од нивните сокласници. Ова е токму она што ние треба да го размислуваме за технологиите.
Значи, без оглед на тоа што се случува, голема е веројатноста дека вашите 140 ученици ќе бидат посвесни за новите технологии и ќе можат подобро и побрзо да ги работат од вас. Дали ова ќе биде униформиран напредок? Сигурно не. Но, она што ние треба да го направиме е да почнеме да ги наградуваме учениците за тоа што тие го споделуваат нивното знаење со другите, вклучувајќи не и нас, така што и нашето знаење ќе расте со голема брзина. Дури и ако секој од вашите ученици работи секој ден само по еден саат на технологиите, а вие да речеме, некако имате време и сила да работите дури и 24 часа, заклучокот е дека вас ви остануваат уште 116 саати со кои ќе треба да се справите. Тоа се 116 саати поминати во барање на програми, учење и друго. Ние треба да бидеме свесни за "силата во броевите" кога станува збор за подучување на децата за нови нешта и да им дозволиме да бидат главните изведувачи а не асистенти, особено заради тоа што шансите дека тие знаат повеќе од нас.
Порано, наставниците беа во центарот на знаењето во училницата. Сега, реалност е дека масата се заврти наопаку; можно е дека наставниците ќе треба да го отстапат тоа место на учениците. Наставниците треба да почнат да гледаат на нив како на основно средство за информатичка технологија, а од друга страна, треба да им задаваат задачи со содржини релевантни за она што го изучуваат на час.
Овој вид на взаемна соработка , единствено е можна, ако наставниците и учениците, развијат соработка која се базира на доверба каде учениците ќе се чувствуваат безбедно да им покажуваат на наставниците нови нешта од областа на технологиите и ако наставниците сакаат да учат. Ако се мисли дека наставниците се во центарот на сите информации и дека се мудри за сите можни дисциплини, само ќе го закочи учењето и ќе ги спречи децата да го достигнат нивниот полн потенцијал.
Твитер е социјална мрежа која што во 2009 година направи бум во економијата и маркетингот во светот. Околу 12 000 нови членови се зачленуваат на секои 60 минути. Многу е интересен фактот дека само околу 20% од сите корисници се тинејџери, додека останатите се возрасни, вработени, но и околу 20% повозрасни.
Јас го обожавам твитер, затоа што имам околу 1000 пријатели во мојата мрежа. Вие вистински не комуницирате со секој од нив посебно, но ако имате било калкво прашање тогаш секако, дека барем неколку мина ќе ви одговорат и ќе ви дадат совет. Брендирајте го својот профил, одберете тема на која секогаш ке зборувате. наскоро, бројот на луѓето кои ќе сакаат да ве следат ќе се зголемува.

Дали знаевте дека? Е темата на која учениците од прва година по предметот Англиски јазик требаше да направат презентација. Фактите кои ќе ги изберат, се нивни избор. Начинот на кој ќе ја подготват презентацијата е исто така нивни избор.Целта на оваа задача е учениците да читаат информации на Аоригинален англиски, да учат нов вокабулар, да донесуваат одлуки, да наоѓаат информации, и да го наведат изворот од каде ги зеле информациите. Сликата е направена од презентацијата на Виле и Драганчо. Значи, учениците работат дома, во парови. Си помагаат во однос на Англискиот, Интернет и Пауер Поинт, а потоа заеднички си помагаат за да се подготват за усмената презентација. Во поранешните постови пишував за снимањето на презентациите. Сите ученици беа во една просторија и се слушаа едни со други. Знам ќе прашате зошто. Имаме само еден ЛЦД проектор, но и затоа што учениците навистина сериозно се подготвуваат за усмената презентација затоа што знаат дека ќе презентираат пред други кои не се во нивниот клас.
Домашните ги праќаат со атачмент на гмеил кај мене, заради повратни информации, а потоа ќе ги ставаат на нивните веб страни на
wikispaces. Во наредната фаза учениците ќе користат гугл документи, и ќе ми испраќаат покана, да бидеме соработници. Тука веднаш ќе можам да дадам повратни информации во врска со домашната, а ученикот на меил ќе добие известување дека некој нешто пишувал во документот. Како вие ги правите домашни задачи?
Ние многупати се жалиме дека учениците не знаат да пишуваат есеи, затоа што постојано пишуваат за фејсбук и праќаат пораки. Според моите истражувања на домашните на неколку генерации ученици, сите на мојот гмеил, или scribd.com, ова се генерации кои најмногу пишуваат. Кога јас одев во школо не се сеќавам дека пишував есеи се додека не стигнав на факултет. Истажувањата покажуваат дека за прв пат оваа дигитална младина пишува и надвор од училница, за вистинска публика. Прочитајте повеќе за
слични истражувања.
Подолу се фактите за кои Виле и Драганчо пишувале на македонски.
Јагодите се единствено овошје кое има семки од надвор? Според истражувањата, една банана дава доволно енергија за тешка физичка работа за 90 минути? Лимоните имаат повеќе шеќер од јаготките? Единствена држава каде што расте ананасот е Хаваи? Црешните се користат за супи, салати и егзоточни јадења? Првото овошје што се јадело на месечината е праска? Иако лубеницата се состои од 92% вода, таа потекнува од пустината Калахари, во Африка?

Сликата е сликана на стража на враќање од Битола во декември месец. Се бело и тивко.
tokmuovaa slika
Треба да направите ефективна презентација? Се проценува дека има околу 50 милиони Power Point презентации, на интернет. Побарајте ги најновите и научете како тие се направени. Подолу е листа на 6 најдобри пребарувачи. Подолу се резултатите што јас ги добив на тема дигитална писменост.
Овде корисниците можат да ставаат презентации, но машината за пребарување се уште не е комплетна.
Пребарувањето на оваа машина е слично на пребарувањето на Гугл. Тука имате пристап до 7.7 милиони презентации.
И оваа е многу едноставна машина за пребарување, слична на Гугл, која пребарува само Power Point Презентации.
5.
SEARCH PPT PRESENTATIONS
345. 000.000 милиони презентации!
Ова е страна која бара презентации на веб но исто така и на универзитети, ако ги направиле достапни за јавноста.
…
Continue